Skip to main content
Хроника

Приведен возач од Липково – возел со 108 км/ч во населено место со дозволени 40 км/ч

25/03/2025  13:35

Полициски службеници од СВР Куманово привеле 21-годишен возач од село Никуштак, Липково, кој управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место каде што е дозволено максимум 40 км/ч.

Инцидентот се случил на 24 март 2025 година во 11:30 часот на регионалниот пат Куманово – Никуштак. При контрола на сообраќајот, полицијата утврдила дека возачот на „Фолксваген Голф“ значително ја пречекорил дозволената брзина, поради што веднаш бил приведен.