Skip to main content
Хроника

Притвор за три лица: Малолетни мигранти и тинејџер биле држени во подрумски простории во објект во Студеничани

26/03/2025  12:47

Првоосомничениот за заложништвото на мигрантите кои беа држени во Студеничани, е лице за кое веќе се води кривична постапка за криумарење мигранти, а дал гаранција и се спасил од притвор.

Ова го обзнани Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Според нив, првоосомничениот добил притвор, а судија на претходна постапка, па потоа, Кривичен совет пак го укинал бидејќи осомничениот како гаранција дал ниви вредни 185.000 евра, а Апелација ова решение го потврдила и ја одбила жалбата на обвинителот.

„Вечерва судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа судијата го имаше предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на мерка притвор, особено фактот што против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која Кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост. Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на Кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело“, велат од ОЈО-ГОКК.

По ова, осомничениот завчера бил фатен како сторител на нови дела и тоа, организирање на група за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и кривично дело криумчарење на мигранти. Меѓу мигрантите пет лица се малолетници, а шестиот е постар малолетник.

Претходно, ОЈО-ГОКК обзнани како се спасиле лицата.