Skip to main content
Хроника

Притвор за 34-годишник од струмичко, се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка

10/11/2026  14:20

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село поради постоење основи на сомнение дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.

По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.