Skip to main content
Хроника

Кривична за тетовец, земал 2.500 евра капар, а не завршил работа

10/11/2026  14:33

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(39) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на август 2026 година, пријавениот се договорил усно со едно лице да изврши молерски работи на неговата куќа, при што му бил даден капар од 2.500 евра, но не ги извршил договорените работи.