Skip to main content
Хроника

Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на тетовскиот универзитет

10/11/2026  14:14

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 06.10.2026, пријавениот, поранешен студент на Факултетот за уметности при Државен универзитет Тетово, во канцеларија на деканот на факултетот, оставил писмени закани кон деканот и кон останатите професори на факултетот.