
Претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ќе ја посетата Северна Македонија од 12 до 16 октомври 2026 година.

Посетата е дел од редовната серија консултации на претставниците на акционерите на конституенците во Банката, и ќе овозможи средби со високи владини претставници, претставници од деловната заедница, банкарскиот сектор, меѓународните партнери и организациите од цивилниот сектор. Директорите ќе ги посетат и компаниите од приватниот сектор, кои се поддржани од ЕБОР.
Бордот на ЕБОР ќе биде претставен од:
- Рене Ван Хел, Директор за Холандија, Кина, Северна Македонија, Арменија и Монголија, кој воедно е домаќин на посетата,
- Лилиана де са Кирчкноф, Директор за Швајцарија, Украина, Лихтенштајн, Србија, Узбекистан, Таџикистан, Црна Гора и Туркменистан,
- Магали Чејзена, Директор за Франција,
- Алициа Варела, Заменик директор за Шпанија, Мексико, Ирак и Сенегал,
- Лука Лазароли, Директор за Европската инвестициона банка,
- Брендан О’Конор, Директор за Ирска, Данска, Литванија, Косово и Кенија,
- Тамас Војнитс, Директор за Унгарија, Чешка, Словачка Република, Хрватска и Грузија,
- Умберто Бернардо, Заменик директор за Италија, и
- Филипо Мунистери, Помошник директор за Европска Унија.
Делегацијата ќе биде придружувама од Дивја Чавла Јиндал, Главен Банкар во одделот на Бордот и институционални работи, како и Гжегож Зиелински, Извршен директор за југо-источна Европа, ЕБОР и Олег Левитин, Директор на политичкиот оддел во ЕБОР.
За време на посетата, претставниците на ЕБОР ќе се сретнат со Премиерот Христијан Мицкоски и Заменик Премиерот и Министер за транспорт Александар Николовски. Состаноците се планирани и со претставници на министерствата одговорни за енергетика, екологија, финансии и надворешни работи, како и Градоначалникот на Скопје и претставници на Народната банка на Република Северна Македонија.
Програмата ќе опфати разговори со организации од цивилното општество, во врска со владеењето, транспарентноста, конкурентноста, пристапувањето до Европската Унија, зелената транзиција, родова еднаквост и економска инклузија, Директорите ќе разменат и мислења за локалните компании, претпријатијата, комерцијалните банки, дипломатските претставништва и меѓународните развојни партнери.
Делегацијата ќе ги посети Варус и Макпрогрес, кои се клиенти на ЕБОР, и ќе оствари средба со менаџментот на компаниите за да се запознае со работењето на компаниите, нивните развојни планови и искуствата на соработката со ЕБОР. Посетата на Макпрогрес ќе го опфати и разгледување на центарот за истражување и развој, како и новите капацитети за производство на вафли.
ЕБОР има инвестирано во Северна Македонија скоро ЕУР 3,2 милијарди, во 219 проекти. Моменталните приоритети се насочени кон зајакнување на интеграцијата и поврзаноста, забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, и поддшка на поконкурентни, инклузивни и добро-управувани економии.

