Skip to main content
Хроника

Претреси во Ѓорче Петров и Волково: Дрога, оружје и пари пронајдени кај две лица

05/07/2025  12:34

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.

Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.

Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка. 

Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.