Skip to main content
Спорт

Познат фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување

10/01/2025  09:40

Неименуван фудбалер од англиската Премиер лига е обвинет за силување, јавуваат островските медиуми. Од правни причини неговото име не се открива, познато е само дека има 31 година, дека е истакнат интернационалец и има шестцифрена неделна плата. Играчот е под истрага за наводно силување на две жени и сексуално недолично однесување во врска со трета жена.