
Марио Лопез, поранешен тренер на шпанската женска кошаркарска репрезентација, е осуден на 13 и пол години затвор поради злоупотреба на малолетно девојче.
Како што е наведено во пресудата, Лопез, кој сега има 57 години, силувал девојка 18 години помлада од него во 1998 година, кога имал 31 година, во период од три ипол години.
Според шпанските медиуми, злоупотребата се случила во текот на околу 50 состаноци на кои тој ја малтретирал на различни начини, користејќи ја својата позиција како тренер, како и разликата во години, за да ја манипулира и заплаши.
Покрај затворската казна, на несреќната (сега 38-годишна) жена мора да и плати и 80.000 евра.
Лопез. во кариерата, меѓу бројните тимови ги водеше и младинските селекции на Шпанија, со кои освои пет европски и две светски шампионски титули.
Целиот случај излезе во јавноста во 2022 година, кога несреќната жена поднесе пријава за злоупотреба. Во тоа време Лопез работеше како тренер во школата Аљенде Салазар.