
Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд. За кратко време се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен, ќе има грмежи и засилен ветер.
Како што соопшти УХМР, максималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И од понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од два до 9 степени, а максималната температура од 10 до 19 степени.