Skip to main content
Хроника

Полицијата запрела „голф“, зад воланот затекнала 15-годишно момче

01/09/2026  16:58

15-годишник од скопското село Студеничани бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без возачка дозвола.

Според информациите од МВР, настанот се случил вчера во 15:30 часот во Студеничани, кога полициски службеници од СВР Скопје при сообраќајна контрола сопреле „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

При контролата било утврдено дека зад воланот се наоѓа 15-годишник од истото село, кој управувал со возилото без да поседува возачка дозвола.

Малолетникот бил лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител за малолетници.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.