Skip to main content
Македонија

Починатите од пожарот во Кочани ќе се погребаат на посебен дел од гробиштата

17/03/2025  18:29

Гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати во пожарот кој ја пеплоса дискотеката “Пулс”. Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс.

Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи.

Инаку и од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период, пред да поднесе неотповиклива оставка.

„Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.