
Оскар Пјастри го продолжи договорот со Мекларен. Претходниот договор беше со важност до крајот на 2026 година. Новиот договор е пресметан најмалку до крајот на 2028 година.
Тандемот Оскар Пјастри и Ландо Норис ќе остане заедно најмалку уште три години. Сегашниот договор на Норис со Мекларен е до крајот на 2027 година.
Според условите на новиот договор, платата на Пјастри во Мекларен се зголеми на 25 милиони долари годишно, објави „Дејли мејл“.
Ова е значително зголемување на платата. Воедно, намалена е разликата во платите меѓу Норис и Пјастри. Британецот според неговиот договор заработува 35 милиони долари годишно.