
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
ССМ е киднапирана од СДС. Веќе подолг период овој синдикат нема автентнично делување, туку следи насоки на опозицијата.
Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со СДС и со кого се координира пред секој настап?
Трендафилов да не ги лаже работниците и јасно да каже, дали од СДС му е кажано да излезе со илузорни барања за потоа тие да се налепат преку прес-конференции на темата?
Трендафилов е ставен во канал на партиското делување на СДС. И таа улога свесно ја прифатил, и свесно ги манипулира внатре во ССМ.
Трендафилов да каже дали планот на СДС кој го спроведува, тој е предвреме осуетен од самите работници, кои го разоткрија, па СДС се приклучија со наводни предлози и решенија цела недела порано?
Точно знаеме кој и како го координира Слободан Трендафилов.
Паниката е огромна и кај Слободан Трендафилов и кај СДС. А тоа се гледа и низ делувањето внатре во ССМ, каде на секој месец до два се менува Статутот. Од што се плашат Трендафилов и СДС и што кријат од синдикалците?
Продолжуваме со разобличување на Трендафилов и СДС. Тие се прочитани, а нивниот план осуетен.