Search

Партијата на Ердоган ќе отвора претставништва во Македонија

Партијата на Ердоган ќе отвора претставништва во Македонија

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција, најави партискиот потпретседател задолжен за надворешни работи Мехди Екер во интервју за агенцијата Анадолија.

Екер наведува дека со Статутот на АКП е предвидено формирање на партиски претставништва, како во Турција, така и надвор од земјата, па врз основа на одлука на Ердоган е покрената постака за отворање канцеларии на партијата во девет градови во седум земји.

– При тоа внимаваме на одредени постапки, закони и правилници во секоја од земјите. Некаде можеби ќе дејствуваме како здруженија, некаде како фондации, а некаде директно како партиски претставништва – потенцира Екер.

Според него, претставништвата на АКП ќе функционираат како „службени контакт пунктови“ за турските државјани, но и за политичките партии или претставниците на власта на секоја од земјите.

Екер наведува дека изборот на градовите во кои ќе бидат отворени претставништва е напарвен врз основа на нивната улога на глобални центри, како што се Вашингтон или Њујорк, или како места со кои Турција има историски и културолошки врски, интензивна економска соработка или каде што живеат Турци, како што е случајот со Балканот.

Според Екер, одлуката на АКП да отвори претставништва во странство е „сосема природна“, имајќи предвид дека се работи за партија која „вложува огромни напори за јакнење на мирот и стабилноста на глобален план“.

Треба да знаете
Последни објави