Skip to main content
Балкан

Парламентарни избори во Косово утре

08/02/2025  21:21

Исходот од парламентарните избори во Косово и формирањето на владата не се очекува суштински да влијае на политичките случувања во Северна Македонија и односите меѓу двете соседни земји. Аналитичарот Џелал Зејнели рече дека премиерот на Косово, Албин Курти покажал кооперативен капацитет и овој тренд треба да продолжи. Коментирајќи го текот на предизборната кампања на Косово, Зејнели рече дека косовските државни институции покажале волја и подготвеност за организирање мирни и демократски избори.

„Кај нас нема да има влијание, бидејќи тоа е поврзано со одличните односи меѓу двете земји, Косово поминува низ Македонија и излегува во Европа. Македонија е меѓу првите извозници во Косово. Македонската стока се продава во Косово и има одлични односи. Владата на Албин не работела на партиски односи туку со државни, односно со ВЛЕН, и тој ја следел политиката на добрососедство, стабилизазија и кон Македонија и кон регионот воопшто”, рече Џелал Зејнели. Политички аналитичар.

Професорот Мурат Алиу смета дека секоја опција освен владејачкото движење Самоопределување индиректно ќе им помагне на Србија и Вучиќ во реализацијата на повеќегодишниот план за поделба на Косово, односно создавање еден вид автономија на Србите на северот на Косово.

„Ако ја погледнете целата кампања, 25 години од ослободувањето на Косово, но особено последните четири години на Албин Курти, целото прашање се врти околу северот на Косово. Целото прашање се врти околу ова, затоа велам дека на Косово му требаат уште најмалку четири години за Албин Курти да се соочи, да даде отпор на Србија наспроти Косово“, рече Мурат Алиу, професор .

Главните обвинувања на опозицијата во Косово кон Курти беа ориентирани кон односите на Косово со САД, особено по неодамнешната изјава на Гренел. Според аналитичарите Зејнели и Алиу, изјавите имаат позитивно влијание дури и врз рејтингот на „Самоопределување“.

„Често има несогласувања или недоразбирање меѓу пријателите и стратешките партнери, но тоа не значи дека односите со САД се влошуваат. Имаше некои судири со администрацијата на Бајден во минатото, но тоа не значи дека Албин Курти е антиамериканец или дека ги нарушува односите со меѓународните сојузници„, додаде Мурат Алиу, професор .

„Има и такви кои велат дека ваквиот став на Гренел му помогна на Курти, кој без сомнение ќе излезе како прва победничка сила до 50 проценти. Го обвинуваат Албин , Исмаил Ќемали на нашето време само за тоа што не даде територија на Белград за само три или четири проценти Срби во Косово“, изјави Џелал Зејнели. Политички аналитичар.
Најтешката борба на изборите во Косово, според последните анкети, ќе биде помеѓу Самоопределување, Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово.