Skip to main content
Македонија

Реакција од СДСМ на интервју на премиерот Мицкоси

28/07/2026  09:10

Мицкоски синоќа цело интервју зборуваше за принципи.

За какви принципи зборува човек кој лаже цело време?

Човек чиј принцип беше никогаш „Северна Македонија”.

Човек кој принципиелно ветуваше дека прво ќе го укине Преспанскиот договор.

Човек кој до вчера ја заговараше теоријата на Вучиќ за членство без право на глас а денес вели дека е само за решение кое води кон полноправно членство.

Тоа ли се тие принципи?

Додека СДСМ од почеток зборуваше само за полноправно членство.

Мицкоски повторно ја обвинува Европа за „булинг”.

Постојат двајца Мицкоски.

Еден во Македонија.

Друг во странство.

Еден беше против НАТО.

Другиот денес тврди дека е најдобрата работа за Македонија, дека носи безбедност на граѓаните и сигурност на инвеститорите (кои ги истера – инвестициите паднаа за повеќе од 60 %).

Еден ветуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор. Другиот денес вели дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата.

Еден ја нарекува опозицијата предавници.

Другиот е претседател на „промакедонска” партија  – затоа што не може да биде македонска, бидејќи мнозинството функционери на ВМРО имаат бугарски државјанства и фирми.

Еден зборува за САД како стратешки партнер.

Другиот е руски прокси играч.

Имаме двајца Мицкоски.

Еден за интерна употреба (во земјава).

Друг за екстерна употреба (во странство).

Сега треба да ги видиме тие „принципи” и да се одлучиме.