Skip to main content
Свет

Папата Франциск ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан

21/04/2025  14:23

Погребот на папата Франциск ќе се изврши најдоцна за девет дена, а во рок од еден месец ќе биде свикана конклава за избор на неговиот наследник, соопшти Ватикан, цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Поглаварот на Римокатоличката црква изутрината на 88-годишна возраст, откако имаше тешка билатерална бронхопневмонија, за која беше потребна привремена хоспитализација во февруари.

Ѕвоната на базиликата Свети Петар во Ватикан одекнаа денеска на истоимениот плоштад за да известат за смртта на Светиот Отец, првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква.