Skip to main content
Свет

Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор

24/10/2026  20:21

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор со Техеран, но рече дека треба да се направи нов обид за негово склучување.

„Водевме преговори, а кукавиците (Американците) сè уништија… Сè уште мислам дека треба да седнеме и да го финализираме“, рече Пезешкијан во изјава емитувана на државната телевизија.

Тој не прецизираше какви конкретни чекори ќе преземе Иран за обновување на разговорите, но нагласи дека според него, напорите за постигнување договор треба да продолжат и покрај неуспехот на досегашните преговори.