Skip to main content
Македонија

Палевски достави извештаи за мобилен и банкарска картичка: „Времето на снимките е поместено“

21/05/2025  16:03

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случајот со киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје, извршени во ноември 2023 година. Јавното обвинителство продолжи со изведување на нови докази, додека одбраната на обвинетите Велибор Манев и Ѓоко Кешишев не понуди нови докази.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска се спротивстави на ваквото толкување, истакнувајќи дека обвинетите не користеле мобилни телефони туку радиоврски и мотороли, и дека новите наводи не се релевантни за случајот.

Палевски приложи и банкарски извод од Халк банка, тврдејќи дека на критичниот ден – 22 ноември – во раните утрински часови извршил плаќање гориво на бензинска пумпа во Скопје. Тој наведе дека претходно презентираниот доказ од Обвинителството за трансакциите на неговата картичка не го вклучувал тој ден, туку започнувал од 25 ноември.