Skip to main content
Свет

Падна ChatGPT

20/04/2026  18:07

Најпопуларната алатка за вештачка интелигенција на светот, ChatGPT, моментално е недостапна за голем број корисници ширум светот. Сервисот на компанијата OpenAI се соочува со сериозни технички проблеми, при што алатката воопшто не одговара на прашањата, а кај многумина не се вчитува ниту почетната страница.

Засега не е познато колку долго ќе трае овој прекин, но извештаите покажуваат дека сервисот е целосно недостапен или работи со огромни потешкотии во најголемиот дел од светот.

Бројни корисници веќе ги пријавија дефектите на платформата Downdetector, специјализирана страница која во реално време ги следи проблемите во работата на веб-сервисите. Социјалните мрежи се преплавени со поплаки од луѓе кои се потпираат на оваа технологија за секојдневните работни и едукативни задачи.

Од OpenAI сè уште немаат официјално соопштение за точната причина за падот, ниту пак прецизна најава кога корисниците можат да очекуваат нормализирање на услугата.