Овие здрави намирници, иако можеби не се во центарот на вниманието, се богати со хранливи материи и треба да станат неизоставен дел од нашата исхрана.
И покрај тоа што се трудиме да јадеме здраво, понекогаш тоа не ни оди од рака. Откријте кои намирници треба почесто да ги внесуваме во исхраната поради здравствените придобивки кои ги имаат. Овие здрави намирници, иако можеби не се во центарот на вниманието, се богати со хранливи материи и треба да станат неизоставен дел од нашата исхрана.
Карфиол
Карфиолот е богат извор на витамин Ц и влакна. Исто така, содржи сулфорафан, кое според може да помогне во борбата против ракот. Иако на ризикот од рак влијаат многу фактори, исхраната е еден од оние што можеме да ги контролираме.
Сардина
Сардината е богата со омега-3 масни киселини и витамин Б12, а содржи и витамин Д кој, во комбинација со калциум, ги зајакнува коските.
Цвекло
Цвеклото е богато со антиоксиданти кои можат да помогнат во заштита од рак и хронични болести. Сокот од цвекло е богат со нитрати и може да го намали крвниот притисок и да го подобри протокот на крв во мозокот. Ако сте спортист, ужината со цвекло може дури да ја подобри вашата изведба, пишува WebMD.
Артичока
Целата артичока има само 60 калории и речиси никакви масти. Високото ниво на влакна дава чувство на ситост и спречува прејадување со високо-калорична храна.
Кефир
Кефирот е богат со пробиотици, корисни бактерии кои го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, а се препорачува и поради своите анти-воспалителни и анти-канцерогени ефекти.
Сушени сливи
Покрај што помагаат во дигестијата, сушените сливи се богати со антиоксиданти и влакна. Четвртина чаша содржи 104 калории и 12 проценти од дневно препорачаното количество на влакна.
Леќа
Леќата можеби не е толку позната како гравот, но зазема истакнато место во здравата исхрана. Не треба да се натопува пред готвење, а во супи и чорби може да го замени месото. Таа е богата со протеини и влакна, но содржи многу помалку масти.
Алги
Ако не сте љубител на суши, можеби никогаш не сте пробале алги, но вреди да ги пробате. Тие се богати со витамини и минерали, особено со калциум и железо. Алгите се исто така богати со протеини и сиромашни со масти.