Skip to main content
Скопје

Оштина Чаир без Бадентер изменуваше две улици по борци на ОНА

08/07/2026  18:11

Советот на Општина Чаир едногласно, но без Бадентерово мнозинство, донесе одлука две улици да носат имиња на борци на ОНА — Командант Тели и Зекирија Хасани. Одлуката помина без согласност од македонската заедница во советот, токму како што налага основниот принцип на Охридскиот договор кога станува збор за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи.

Именувањето улици по борци на ОНА е порака, испратена намерно и во моментов кога односите се веќе затегнати. ВЛЕН добро знае дека овие имиња директно ги провоцираат Македонците и го отвораат едно од најчувствителните прашања во земјата конфликтот од 2001 година. Наместо помирување и градење доверба, локалната власт избра симболика која дели.

Заобиколувањето на Бадентеровото мнозинство не е техничка формалност, тоа е бришење на самата гаранција дека ниту една заедница нема да наметнува одлуки на друга. Се очекува реакција од политичките лидери и партии.