Skip to main content
Свет

Оксфам: Најбогатите земји и поединци го исцрпуваат својот јаглероден буџет многу брзо

10/01/2026  21:20

Анализа на невладината организација „Оксфам“ покажува дека еден процент од најбогатите земји веќе го искористиле својот годишен јаглероден буџет само десет дена по почетокот на годината. Некои од најбогатите земји го потрошиле својот удел уште за три дена. „Оксфам“ предупредува дека најтешките последици од климатската криза ќе ги чувствуваат оние кои најмалку придонеле, вклучително земјите со ниски приходи, домородните заедници, како и жените и девојчињата.