Skip to main content
Македонија

ОЈО: Се вршат претреси низ Скопје за примање и давање поткуп и проневера

05/02/2025  12:16

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“ велат оттаму.