Skip to main content
Хроника

Охриѓанец и ветил на жена дека ќе и помогне да врати пари од претходна измама, па повторно ја измамил

13/03/2025  16:32

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка.