
Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ги објасни своите планови за промена на моторите во Формула 1.
Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, ја објави својата намера промените поврзани со погонските единици на болидите да бидат дел од следниот пакет прописи.
– Веќе одлучивме да преминеме на V8. Одлуката е веќе донесена. Планирано е моторот да биде воведен во 2031 година, но имаме намера да го забрзаме процесот и да го воведеме погонскиот агрегат во шампионатот уште во 2030 година. Ќе биде хибриден, но лесен и поедноставен. Јас сум против сложеноста. Турбополнењето додава тежина и ги зголемува трошоците. Сакам едноставност, контрола на трошоците и спектакуларно шоу за јавноста. Се консултиравме со шест производители на мотори: тие претпочитаат мала тежина и едноставност, а исто така сакаат да ги ограничат трошоците – намалувајќи ги од 15 милиони евра на 700.000 евра. И јас исто така претпочитам да се укине турбополнењето, истакна Бин Сулајем.
Запрашан за евентуален конфликт на интереси помеѓу ФИА и Либерти Медиа, тој одговори: „На почетокот на мојот мандат, беше потребно да се разјасни односот помеѓу ФИА, како сопственик на шампионатот, и добар промотор како ФОМ [Менаџментот на Формула 1]. Пред неколку години, ни недостасуваше нешто во овој поглед. Сега, сепак, се почитуваме едни со други.
Сезонава, возачите во Формула 1 се жалат на проблем со моторите кои премногу се потпирање на електричната енергија. Моторите моментално имаат сооднос 50-50 помеѓу моторот со внатрешно согорување (ICE) и електричниот систем, што ги принудува возачите да возат побавно во свијоците за да „заштедат“ енергија за правците.



