Skip to main content
Македонија

Одбележување на Денот на македонската полиција

07/05/2025  08:01

Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7-ми Мај.

Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.