Skip to main content
Хроника

Затвореник пронајден мртов во КУП „Идризово“

29/11/2026  14:40

На 28.11.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 09:10 часот во установата бил пронајден починат Б.Ј.(27) од Прилеп. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција.