Skip to main content
Македонија

Од четврток (8 Јануари) снегот доаѓа и во Македонија

06/01/2026  07:35

Метео анализа на Славчо Попоски:

Повеќе врнежи ќе има во западните предели каде на повисоките населени и планински места ќе се формира позначителна снежна покривка (Над 20/30 сантиметри) а во градовите во западна Македонија ќе се формира снежна поркивка од 5 до 10 сантиметри, локално и над 15 сантиметри. Во Пелагониско ќе се формира снежна покривка 2 до 5 сантиметри а во источните  и во североисточните предели таа ќе биде малку поголема  и локално ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Без снег и снежна покривка ќе останат централните  и југоисточните предели од Македонија.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од западен и од северозападен а потоа од северен правец. Температурите нагло и значително ќе опаднат со што повторно ќе се создаваат услови за појава на голомразица од четврток (8 Јануари).

Во следните мои метео објави следува нова, детална  и обновена метео анализа околу овој нов продор на ладен воздух од север кој  ни носи и снег.