Search

Oсомничен за убиството на британска туристка за првпат се појави пред судот во Нов Зеланд

Дваесет и шестгодишен маж осомничен за убиство на британска туристка за првпат се појави пред судот во Нов Зеланд, објавија тамошните медиуми.

Девојката, Грејс Милејн (22) последен пат била видена во центарот на Оукленд, вечерта на први декември. Телото на девојка за која се верува дека е на исчезнатата девојка било пронајдено во една шума западно од Оукленд, полицијата рече во неделата.

Полицијата додаде и дека мажот кој бил виден со Грејс вечерта кога таа исчезнала ќе биде обвинет за нејзино убиство. Засега, неговиот идентитет не се открива во јавноста. Тој ќе остане во притвор до јануари, кога ќе започне неговото судење.

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн му се извини на семејството Милејн, велејќи дека меѓу населението владее срам поради тоа што ваквиот немил настан се случил во нивната земја, која се гордее со својата гостопримливост.

Телото допрва треба да биде идентификувано, но според доказите што полицијата ги пронајде во последните неколку дена, се верува дека се работи за исчезнатата девојка.

Треба да знаете
Последни објави