Skip to main content
Македонија

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

08/11/2026  16:26

Во центарот на Скопје се одржа протестниот марш против фемицидите, организиран по трагичното убиство на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци. Под мотото „Ниту една повеќе!“, граѓаните излегоа на улиците со барање за правда, институционална одговорност и итни мерки за спречување на насилството врз жените.

Со транспаренти и пораки  „Нема да не снема“, „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ и „Истата полиција, истите институции, истите пропусти“, демонстрантите предупредуваат дека трагедијата можела да биде спречена.

Тие потсетуваат дека Билјана претходно пријавувала насилство и дека била изречена судска мерка за заштита, но тоа не било доволно за да се спречи нејзиното убиство.

Протестниот марш започна од пред Собранието, продолжи кон Министерството за правда, каде што се упатија гласни свирежи, а маршот заврши пред Министерството за образование. 

Главната порака од протестот е дека насилството врз жените мора да се спречува навреме, а институциите да преземат одговорност пред да биде изгубен уште еден човечки живот.

извор: 4news.mk