Skip to main content
Македонија

Николовски: Се работи за монтиран случај за да се скрие криминалот во МЗШВ

13/05/2026  11:08

Еден монтиран случај, толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството, изјави пратеникот и екс министер за земјоделство Љупчо Николовски

„Се случува ова во момент кога незадоволството кај земјоделците е на невидени размери: доцнат субвенциите, ниски се откупните цени, поништени се повиците за рурален развој. Кога владата не може да се справат со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус.

Сакам директно да им се обратам на луѓето зад бројките, зошто за оваа Влада тоа се само бројки, а за мене се лица и семејства:

На над 270-те нови семејни винарии кои ги отворивме заедно. На лозарите кои конечно престанаа да го продаваат родот за бесмислени цени и почнаа сами да произведуваат вино со свое име и своја етикета.

На над 4.000-те мали производители на храна кои денес легално, од куќен праг, ја продаваат својата работа.

На производителите на околу 1.000-те нови етикети македонски вино што го има веќе секаде низ светот.

На семејствата во руралните средини чии деца останаа дома, во своето село, наместо да заминат.

Тоа е реформата за која ме напаѓаат. И зошто токму сега? Затоа што наместо реформи имаме:

Осудена советничка на министерот во ИПАРД скандалот. Уапсен директор на Платежната агенција, фатен на дело со пари. Уапсен директор на Земјоделскиот инспекторат. Мито од по 50.000 и 100.000 евра. Блокирани ИПАРД фондови, доцнат субвенции, поништени повици.

Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања. Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси. На земјоделците, винарите и производителите кои ме контактираа овие денови, Ви благодарам. Вие знаете што направивме“ стои во реакцијата на Николовски.