Skip to main content
Македонија

Николоски:  Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот

17/11/2025  12:35

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка,  повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас.  Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна.  Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум.

Тој потенцираше дека перцепцијата од придобивите од членството во ЕУ е се уште голема, но го истакна примерот со Македонија и нејзината неизвесност кон приклучување на Унијата. Додаде дека економската соработка е клучен фактор за стабилизација и соработка меѓу државите. 

Во подолжение интегралното обраќање на вицепремиерот: