Skip to main content
Македонија

„Не сме синдикат за паради или фотелји“ – НСП излегува на протести, ќе го крене гласот за достоинство на полицијата!

02/05/2025  12:23

Независниот синдикат на полицијата вели дека не е синдикат за паради или фотељи.

MK Summit

Како што додаваат, НСП е независен и искрен глас на полицаецот.

„Како што беше најавено по првомајската парада, на 2 Мај се објавува полицискиот протест со барање за „МИНИМАЛЕЦ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ“.

Првично, бараме почитување на Законот за минимална плата, при што основната плата на полицајците треба да биде најмалку еднаква на минималната плата. Дополнително, бараме изедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.

Вработените во полицијата не се службеници од втор ред и законите не можат да важат за нас само кога треба да нѐ казнуваат. Секој што ја носи униформата со чест, треба да стои рамо до рамо со своите колеги.

Овој протест не е само за полицајците, туку е и борба за достоинството на полицијата, која го изгубивме поради нашата индиферентност. Ги повикуваме и сите други синдикати кои се претставуваат како полициски, да се приклучат и да ја покажат храброста да нѐ поддржат. Оваа борба не е за функции, туку е за достоинството на вработените во МВР, шумската, судската и затворската полиција.

Не излегувај за нас, излезе за себе и повикај ги своите колеги! Молчењето не нѐ донесе под минималецот!“, велат од таму.

Протестот ќе се одржи на 12.05.2025 година во 12:00 часот пред судовите во Скопје (раскрсница Мавровка).