Skip to main content
Македонија

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

01/11/2026  22:29

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, победи во трката за градоначалник на Брвеница со 4.442 гласа, наспроти 4.177 гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, покажуваат објавените резултати на Државната изборна комисија по обработката на сите 24 избирачки места.

Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 265 гласа. Јахији освоил 50,36 проценти, а Радичевски 47,36 проценти од вкупниот број гласачки ливчиња.

ДУИ, која ја предводи Националната алијанса за интеграција, вечерва ја слави победата во Брвеница. Од ВМРО-ДПМНЕ го признаа поразот и му ја честитаа победата на противкандидатот, но оценија дека за исходот пресудиле гласовите на иселениците кои се вратиле во земјава за да гласаат на локалните избори.

Според податоците на ДИК, во Брвеница гласале 8.820 граѓани, а излезноста изнесува 54,29 проценти. Евидентирано е 201 неважечко гласачко ливче, односно 2,28 проценти.

Screenshot