
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје се игра натпреварот од квалификациите за СП 2026 помеѓу Македонија и Велс.
Важен меч за двете селекции на патот кон учество на Мундијалот кој ќе се организира во САД, Мексико и Канада.
Пред почетокот на овој меч имаше едноминутно молчење во знак на почит кон настраданите во огромната трагедија во Кочани.
Вкупно 25.000 илјади гледачи го следат натпреварот помеѓу Македонија и Велс.