
На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и малолетник, сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија на подрачјето на Бит Пазар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 13.05.2026 во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј.(44) и Џ.И.(32), двајцата од Скопје, затоа што претходно на подрачјето на Кисела Вода физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија, при што се обиделе да употребат и тврд предмет, но биле спречени. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


