Skip to main content
Економија

Наместо Владата, сега трговците предлагаат мерки – пониски маржи за околу 150 продукти

16/02/2025  18:07

Откако Владата го одложи најавеното воведување на мерката за замрзнување на трговските маржи, сега трговците се тие кои предлагаат мерки.

Имено, од новосоздадената Комора за трговија на мало и големо до Министерството за економија доставиле предлог за намалување на маржите за околу 150 продукти.

Во листата се шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо, за кои се предлага маржа од 3 проценти.

За лебот, тестенините, оризот, урдата, видови сирење, кашкавал, јајца, за видови зеленчук, овошје, но и за дел од средствата за хигиена се предлага маржа од 10 до 15 проценти.

Предлогот е мерката да важи од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и празниците Рамазан и Велигден.