
Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и отежнат сообраќај во повеќе делови од градот.
На фотографијата може да се забележи целосно поплавена сообраќајница, каде возилата и мотоциклистите со тешкотии се движат низ надојдената вода. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени булевари, подвозници и населби.
Надлежните служби апелираат до возачите да бидат внимателни, да избегнуваат движење низ поплавените улици и да ги следат препораките на институциите додека траат врнежите.
