Skip to main content
Македонија

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

02/07/2026  00:41

Турската демократска партија (ТДП) донесе одлука да биде дел од новата владина коалиција со еден министерски ресор, со цел турската заедница повторно да добие свој претставник во Владата.

На прес-конференција, претседателот на ТДП, Зулфикар Зејнулах, изјави дека партијата по подолги консултации и разговори донела одлука да го прифати учеството во Владата, оценувајќи дека е неопходно турската заедница повторно да биде институционално застапена.

Воедно, беше соопштено дека по седницата на Централното собрание и состанокот на Кадровската комисија, за министерската функција е предложен токму претседателот на партијата, Зулфикар Зејнулах.

Сепак, тој нагласи дека сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати кандидатурата.

„Партијата го предложи моето име, но не сакам да брзам. Сметам дека е поправилно детално да го разгледам процесот, па потоа да донесам одлука“, изјави Зејнулах.

Тој додаде дека разговорите за тоа кој ресор ќе му припадне на ТДП сè уште траат и дека јавноста ќе биде навремено информирана по нивното завршување.