Skip to main content
Свет

Најголем дел од јавниот транспорт во Бангкок ќе биде бесплатен една недела поради загадувањето

24/01/2025  09:10

Тајланд ќе го направи најголемиот дел од јавниот превоз во Бангкок бесплатен една недела во обид да се намали загадувањето на воздухот, изјави денеска владин министер. 
Железничкиот систем на главниот град Skytrain и автобуските услуги ќе бидат бесплатни за корисниците од сабота, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит. 

„Се надеваме дека оваа политика ќе помогне да се намали загадувањето“.

Загадувањето на воздухот во главниот град на Тајланд принуди затворање на повеќе од 350 училишта денеска, соопштија градските власти. Тоа е најголем број во последните пет години. 

„Администрацијата на  Бангкок затвори 352 училишта во 31 област поради загадениот воздух“, соопштија  властите. Во Банкок има 437 училишта. 
Нивото на PM2,5  – микрочестички што предизвикуваат рак доволно мали за да влезат во крвотокот преку белите дробови – достигна 108 микрограми на кубен метар, според IQAir, јавија западни медиуми.

Главниот град на Тајланд е седмиот најзагаден голем град во светот во моментов.