Skip to main content
Македонија

Мојсоска: Фрчат тендери за сирења, а фамилиите молат за помош – тоа ли е владиното „Кочани наш приоритет”?

05/06/2025  12:20

Додека болницата во Кочани е оставена само со една докторка, владата денес сама си организира трибина “Кочани е наш приоритет?!” пишува на социјалните мрежи пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

Два месеци е доволно време за болницата во Кочани да се зајакне во капацитетите, да се направи реогранизација на персоналот, па и да се набави една специјализирана када (додека фрчат тендери за кашкавали и сирења). Значи, откако вчера во Собрание пратениците од власта го одбија барањето за Надзорна расправа за Кочани, денес си организираат трибина зад затворени врати – каде никој не смее да постави “незгодни” прашања….“ пишува таа.