Skip to main content
Хроника

Млад фудбалер на ГФК Охрид трагично го загуби животот во вчерашната несреќа кај Охрид

18/07/2025  08:32

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Охрид – Св. Наум, животот го загуби 16-годишниот Анастас Каровски, млада фудбалска надеж на охридскиот клуб ГФК Охрид.

„Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за трагичната смрт на Анастас Каровски, млад талент и надеж на охридската фудбалска школа. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата на Анастас“, стои во објавата на клубот.

Каровски беше тешко повреден откако со мопед излетал од коловозот и удрил во метален столб. И покрај напорите на лекарите, им подлегна на повредите во охридската болница.

Во несреќата тешко беше повреден и неговиот сопатник, исто така 16-годишник од Охрид. Неговите повреди се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.