Skip to main content
Култура

Министерството за култура и туризам формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи во Македонија

11/07/2025  11:06

На иницијатива на Министерството за култура и туризам,  формирана е работна група составена од претставници од секторот туризам при министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружение на туристички водичи ЗТВПМ, како и експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници.

На првиот состанок на работната група идентификувани се клучните предизвици и е постигнат договор за мерки кои ќе обезбедат унапредување на квалитетот и професионалноста во дејноста на туристичките водичи.Туристичките водичи од Македонија, изнесоа јасни и конкретни барања за подобрување на условите за работа, со цел стандардизација на дејноста и унапредување на туристичката понуда на државата.Водичите се првиот контакт на туристите со Македонија – културни амбасадори кои имаат клучна улога во создавање на впечатокот за нашата земја. Затоа нивната работа мора да биде соодветно вреднувана, регулирана и поддржана.

Министерот Љутков нагласи дека инвестирањето во квалитетот и професионалноста на туристичките водичи е еден од најважните чекори за развој и позиционирање на Македонија како конкурентна и атрактивна туристичка дестинација.

“Акцентиравме проблеми кои се резултат на одредени слабости во регулативата поради кои професијата туристички водич не е на нивото кое го заслужува, а со тоа квалитетот и конкурентноста на туристичкиот производ не достигнува задоволителен стандард. Овие слабости овозможуваат водичи од различни држави да ги презентираат културните добра, традиционалните културни вредности гледани низ нивните наочари, тука е и слабата заштита на домашните туристички водичи. Одлучивме да ги отстраниме овие слабости и да ги заштитиме домашните туристички водичи, за таа целформирани се стручни работни групи каде партиципираат и здруженијата на водичи и високообразовните установи за туризам со кои во тесна соработка работиме на отстранување на слабостите во регулативата како би постигнале подостоинствена и попочитуванапрофесионална дејност на туристичкиот водич во Македонија”, додаде министерот Љутков.

Во насока на унапредување на дејноста на туристичките водичи, Министерството за култура и туризам ја зацврстува својата улога како клучна институција во подобрување на условите за работа, едукација и промоција на оваа значајна професија.Во рамките на своите нови ингеренции и преку овие активности, Министерството за култура и туризам ја потврдува својата определба за креирање квалитетна, професионална и конкурентна туристичка понуда, во која туристичките водичи ќе бидат еден од клучните столбови на националниот туристички развој. Туристичкиот водич станува културен медијатор кој го приближува нематеријалното културно наследство до туристите.