Skip to main content
Балкан

Мицотакис: Разговорот со земјоделците е отворен

13/01/2026  17:42

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека состанокот со земјоделците е наменет за оние кои се подготвени за дијалог, нагласувајќи дека не може да се принуди никого да учествува. Средбата ја организираа со претставници на 18 блокови кои минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа разговор со владата. Останатите 55 блокови одлучија да не дојдат, наведувајќи дека владините ограничувања за бројот на претставници го намалуваат ефектот на дискусијата.