
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека одржал состанок за реформската агенда со својот владин тим.

Како што пишува на својот фејсбук профил Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор.

– Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува, пишува пшремиерот Мицкоски.
