Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК

13/03/2025  13:02

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените инвестиции во образованието и подобра инфраструктура, изјави:

Очекувам оваа година да биде распишан тој тендер, очекувам да биде распишан тендерот за изградба на Кампусот „Мајка Тереза”, така што образованието е нешто коешто претставува за нас навистина една голема и значајна инвестиција.

И со задоволство можам да кажам пред овој настан добив информација од страна на пратеникот Александар Вељановски од Тетово дека општествено одговорна компанија ќе го донира реконструирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово и набргу таа донација ќе биде ставена на дневен ред на Советот во Општина Тетово. Така што уште една неправда од минатото ќе биде исправена.”