Skip to main content
Хроника

Маж пронајден во провалија во прилепско

03/05/2025  17:12

На 02.05.2025 во 19.45 часот во Полициска станица за граница и надзор Старавина било пријавено дека на превојот Слива на патот за с.Витолиште, прилепско имало паднато човек во провалија.

Лицето, информира МВР, со возило од Итна медицинска помош е пренесено во Општа Болница-Прилеп.

Утврдено е дека се работи за Ш.Ј.(74) од Прилеп кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од висина.