Skip to main content
Хроника

Малолетни штитеници избегале од домовите

14/02/2025  18:44

На 13.02.2025 во 22:10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј.(45) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината штитеничка А.М.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.02.2025 во 21:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.